Вести Економија Топ вести

Угостителите доставиле барање до Владата за присуство на состанокот со стопанските комори

Прифативме работна средба со заменикот на претседателот на Владата, а не со замениците на заменикот, повторно реагира денеска Независната угостителска комора (НУК) откако од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи им било соопштено дека тој не може да присуства на состанокот закажан за попладнево во 14:30 часот.
Состанокот од Владата не го откажале, туку предложиле наместо Битиќи, да присуствува претставник од неговиот Кабинет.

НУК вчера јавно соопшти ваква средба не прифаќа и дека бара да присуствува на состанокот со стопанските комори во Владата што треба да се одржи утрово во 10:00 часот.
Угостителите доставиле и официјално барање до премиерот Зоран Заев за присуство и за, како што наведува НУК, рамноправно учество во официјалното тело кое, согласно потребите, предлага, креира и крои нов пакет мерки за помош и поддршка на економијата.

-На ден пред официјално закажаната средба со вицепремиерот Битиќи, членовите на управните органи на Независната угостителска комора имаа координативен состанок и заедничка прес-конференција со македонските здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА од Скопје и здружението МУЗИКА СЕГА од Скопје со цел усогласување на барањата и очекувањата на Владата и формирање тим од официјални претставници кои треба да учествуваат на оваа средба. Со оглед дека во текот на денот, четврток 28 јануари, добивме телефонска информација дека Битиќи поради неодложни приватни обврски нема да присуствува на закажаната средба, донесовме одлука дека средбата по препорака на претседателот на Влада можеме да ја направиме исклучиво со главниот и одговорниот носител и креатор на петтиот сет мерки – вицепремиерот Битиќи или со самиот претседател на Владата, наведува НУК во реакцијата.

Според НУК, средбата со Битиќи се барало да биде јавна, па дури и во живо да се емитува на некоја од телевизиите или преку социјалните мрежи за транспарентно да можат угостителите и угостителските работници да се запознаат со можностите и плановите на Владата за петтиот сет мерки наменети за угостителската индустрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе