Вести Македонија Топ вести

Димитров бара европеизација на процесот на пристапување во ЕУ

Европеизација на процесот на пристапување, а не негова балканизиција, побара денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, обраќајќи се на он-лајн конференцијата за „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на ЕУ интеграции“ организирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Телевизија Телма. Димитров притоа рече дека Македонија сака европско решение за блокираниот пристапен процес, при што од пријателите на Македнија во Брисел и во земјите-членки побара да помогнат тој да се води врз постигнатото од страна на земјава, а не врз други параметри, реферерирајќи на барањата испорачани од Бугарија.

„Исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите, ако историјата добие централно место во преговарачкјата рамка, тогаш прашање во која мера еден таков процес се европеизира или ќе балканизира да не употребам друг збор“, рече Димитров.

И евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, на конференцијата го изнесе својот став за стопираниот пристапен процес на земјава, изразувајќи разбирање за нетрпеливоста и фрустрацијата која се создава сега околу дискусијата за преговарачката рамка. Тој гледа и можно решени во исполнување на две работи.

„Луѓето сакаат да се движат напред, сакаат да ги видат преговорите започнати. Но патот напред во ваква ситуација е двонасочен.  Едниот е да се продолжи со билатералниот ангажман, како што прави владата со Бугарија, со цел да се постигне взаемно прифатливо решение и второто е да се продолжи со прогрес во реформите“, е ставот на Гир.

Според Гир вистински преговори ќе почнат кога ќе се постигне договор, но според него не постои причина до тогаш да се чека реформите да продолжат.

Евроамбасадорот иако не го спомена конкретно Брисел во чекорите кон одблокирање на пристапниот процес за Македонија, рече дека Унијата има значајна улога во мотивирање на реформските процеси во земјава, биејќи ЕУ делува како магнет за земјава.

И за шведската амбасадорка продолжувањето на реформите е клучно, посочувајќи дека Шведска останува силен поддржувач на европскот членство на Македонија.

„Веруваме дека е многу важно да се работи на реформската агенда, вклучително на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал“, порача, Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасасорка на Шведска во Македонија,

На конференцијата која во фокусот ги имаше медиумите и граѓанскиот сектор како двигатели на европските процеси во земјата, сите учесници се согласија дека нивната улога е клучна и освен чекање институциите да испорачаат и тие мора да го понесат својот дел од еден таков национален проект.

Тамара Грнчароска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе