Вести Македонија Најважни

ЕУ загрижена, локалните валсти смирени- не е трагично ако Охрид се најде на листата загрозени подрачја

Евроамбасадото Дејвид Гир денеска при посетата на  Охрид ја пренесе загриженоста на Европската Унија, градот да се најде на листата на загрозени светски вреднсти, откако УНЕСКО неодамна го испорача најлошиот извештај досега.

 Природното и културно наследство има за сите нас универзална вредност . Токму тоа наследство треба да се сочува за идните генерации. Поради тоа, ние како ЕУ ја споделуваме загриженоста изразена од УНЕСКО кои што укажуваат на ризикот да биде ставен на листата на светско наследство кое што е во опаснсот, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.

На зедничката прес конфернеција со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, евроамбасадорт ја нагласи потребата од засилен ангажман на надлежните и рече дека зачувувањето на Охридскиот регион треба да биде национален зафат што ќе ги обедини сите чинители.

Заштитата на природното и културно наследство  на Охридскиот регион бара силна владина посветеност за имплементација на сите тие препораки. Тоа бара поголема координација на министерствата и другите институции, што пак бара ангажман на национално и локлано ниво, поддржан со соодветна буџетска поддршка, рече Гир.

Градоначалникот Константин Георгиевски, пак вели дека не е голема трагедија доклолку Охрид се најде на листата на локалитети во опасност, затоа што тоа е мехназиам за поенергично да се имплементриарат препораките за заштита.

Ставање на Охирд на листа во опаснсот  не е таква трагедија како што е претставено во јавност. Доколку се случи такво нешто ние и како локална самоуоправа и како држава треба да ги дуплираме нашите напори, да направиме план, побрзо да ги имплементраме препораките, изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски

Но, охриѓани се  загрижени за она што му се случува на градот

Ќе се изгуби она што го имаме, секој што сака прави, не се води грижа за градот, сите дивоградби треба да се рушат. Многу сме несовесни, голема е веројатноста да го изгубиме статусот, но за жал тоа е, велат граѓаните.

Од граѓанската иницијатива Охрид СОС пак, бараат одговорност и кривични пријави  за сите носители на јавни функции кои  дозволиле Охрид да се најде во ваква сосотојба.

-Изминативе децении со ова несанкционирање и прогледување низ прсти тие само земаат сила, се чувствуваат над законот и  се недопирливи. Со завршување на мандатот тие заминуваат, а зад нив остануваат сите наталожени проблеми и последиците се овие што ги имаме денеска, изјави Владимир  Трајановски, од ОХРИД-СОС

Главните забелешки и во овој извештај на УНЕСКО се неконтролираната урбанизација, несправувањето со дивоградбите, нефункционалниот колектор, немањето на депонија за цврст отпад. Критики има и за несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти. На листата со препораки под итно се бара  отстранување на дивоградбите од крајбрежниот појас на Езерото и воведување вистински мораториум на градење.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе