Вести Македонија

Сезонски грип во земјава речиси и да нема

За 73% помалку заболени од сезонски грип годинава во споредба со истиот период лани. Во земјава има вкупно 433-ца заболени од грип, информираше министерството за здравство.  Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години – 190 случаи, а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.

Во втората недела од оваа година, пријавени се 36 случаи на заболени од заболувања слични на грип, а тоа е зголемување од 18 случаи во однос на истата недела лани. Досега вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип, најголем дел со бесплатната вакцина. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, додаваат од министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе