Вести Македонија

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот: Никогаш да не се повтори

Холокаустот да не се повтори никогаш и никому повеќе. Сеќавањето на него и на шесте милиони Евреи кои биле жртви, како и на преживеаните е обврска, но и потсетник за човештвото каде може да води говорот на омраза, нетолеранцијата, дискриминацијата и колку малку е потребно да се уништи еден цел народ. Тоа е опомена човештвото да разбере дека Европа каква што ја познаваме сега не треба да се зема здраво за готово, туку дека треба сите да ја заштитиме, борејќи се за она што е важно за нас и во што веруваме, борејќи се и против националистичките тенденции, бранејќи ја толеранцијата и разбирањето.
Ова се дел од пораките на учесниците на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, што се одржа денеска онлајн во организација на Министерството за надворешни работи.

Претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија Радојка Хелман – Денковска обраќајќи се на комеморацијата истакна дека Холокаустот, кој не се случил некаде далеку, туку тука во Европа, не е само трагична епизода на светската историја туку единствено случување кое има универзално значење што треба да се памети не само заради почит кон жртвите и преживеаните, туку и како поука за светот.

– Денес сме поблиску до моментот кога холокаустот ќе престане да биде живо секавање и ќе стане историја. Следните генерации нема да можат да ја слушнат вистината од оние што го преживеале.

Трагедијата на холокаустот станува знак и опомена за тоа каде може да води говорот на омраза и колку малку е потребно да се уништи еден народ и една цела нација, рече Хелман – Денковска.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн вели дека ова се денови во кои се сеќаваме на жртвите на Холокаустот и оддаваме почит на преживеаните.

-Се сеќаваме на предавството на сите цивилизациски вредности. Холокаустот е историска одговорност што ние Германците ја носиме, рече Холштајн.

Холокаустот, како што потенцира, е потсетник дека треба да се почитва секое човечко суштество и да се чува неговиот дигнитет секаде и секогаш. Се уште, додава таа, има луѓе кои го негираат Холокаустот, ја фалсификуваат вистината и историјата, не ги почитуваат човечките суштества поради нивната боја на кожа, сексуална ориетација, промовираат говор на омраза и се закануваат, напаѓаат, и според неа тоа е она шротив кое треба да се бориме сите.

-Европа каква што е сега ја знаеме не смее да се земе здраво за готово. На секој еден од нас останува да ја одбраниме борејќи се за она што е важно за нас и тоа во што веруваме, борејќи се и против националистичките тенденции, хомофобијата или ксенофобијата, бранејќи ја толеранцијата и разбирањето, истакна амбасадорката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

ЕСМ низ бројки – милиони евра плус за плати, милиони евра плус за долгови и пенали

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе