И третата желба на 12- годишната Амела од селото Тодоровци во Македонска Каменица е остварена. По вчерашната сторија на Телма хуман граѓанин од Берово попладнево го посети семејството и на седмооделенката Амела и донираше лап топ, со што непречено веќе ја следи и онлајна наставата од нејзиниот дом од 10 метри квадратни. Хуманистот Дарко Гоцевски, кој ја организира хуманитарната акција вели дека голема е радоста во семејството, по овој хуман гест. Во моментов се гради нова куќа за нејзиното семејство, кое живее во субстандардни услови. Потребни се допонителни донации за да се реализира сонот на Амела и на нејзините родители.
Скромните примања од рибочуварската плата на сопругот на Светланка Закировска не стасуваат за оставрување на нивните основни потреби за живот.Досега на 12 годишната Амела оставерени и се три желби нови патики, детска соба и лап топ, а за околу два месеца и нов дом во селото Тодоровци во Македонска Каменица.
Викторија Јованова