Македонија

ИЈЗ: 183 нови потврдени случаи на Ковид-19, шест починати

183 нови потврдени случаи на Ковид-19 од 1466 тестови, пишува во денешниот извештај на Институтот за јавно здравје, што е 12,48% од тестираните.

Починати се 6 луѓе – најмладиот на 45 години, а највозрасниот на 90 годишна возраст. Оздравени се 1731 пациенти во последното деноноќие.

Најмногу од новопотврдените случаи се регистрирани во Скопје – 85. Од другите градови со повисок број случаи се Кавадарци со 13 позитивни, и Тетово и Охрид по 10.

Останатите градови се со едноцифрен број нови потврдени. Во овој момент бројот на активни случаи во сите градови во земјата изнесува 9715.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе