Ковид19 Македонија Најважни

Европа во „војна“ за вакцина плус – кај нас не се знае кога ќе стигнат

Легална војна за вакцини ќе води Европската унија со производителите кои најавија помала количинa дози од договореното. Ова го изјави претседателот на Европскиот совет Мишел, кој кажа дека Унијата очекува компаниите да си го исполнат својот дел од обврската за што имаат и потпишано договор.

„Астра Зенека“ во петокот најави дека ќе испрати дури 60% односно 31 милион дози помалку од првичниот договор за првото тромесечие – неофицијално, поради некакви проблеми со производството. Слични најави стигнаа и од производителот „Фајзер“.

Помала испорака од договорената има во Полска. Италијанците тужат за ист ваков проблем. Во Хрватска е прекината вакцинацијата заради недостиг на вакцини.

Во меѓувреме, бројките на новоинфицирани случаи периодов кај нас се во благо опаѓање. Дали тоа или може малку затопленото време ги натера голем број шетачи денес во градскиот парк, а нив ги сними камерата на Телма.

Во Македонија се уште не се знае ниту датум кога ќе пристигнат првите дози во земјава ниту колкава ќе биде првата пратка.

Се очекуваат првите пратки, а професор доктор Никола Пановски во изјава за Телма кажа дека во случај вакцинацијата да започне во март, до летоска би имале значителен процент на имунитет кај населението, вклучително и оние коишто веќе го прележаа вирусот.

Сепак, никако не смее да се случи никакво опуштање периодов, смета професорот.

Немаме како да се заштитиме од мутацијата на Корона којашто се појави во Велика Британија. Само може да се одложи пристигнувањето на мутираниот вирус во земјава, но добра вест за него е што вакцината докажано штити и од тој тип.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе