Вести Македонија Најважни

Нема веќе работа од дома за јавната и државната администрација – од 1 февруари сите на работа

Намалениот број на заразени со Ковид 19, ќе ја врати администрацијата на работните места. Владата смета дека административците кои со месеци работеа од дома, или ротираа во смени и со паузи, од 1 февруари треба да се вратат на работа. Побарале мислење од Комисијата за заразни болести која треба да пресече и дали некоја категорија работници треба да биде изземена од одлуката.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, ве информираме дека од 01 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За овој став претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести. За посебни категории ќе почекаме да се изјасни со дополнително мислење Комисијата“- велат од Владата.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе го достави предлогот до Комисијата. Одговор очекуваат во најбрзо време, по што Владата треба пак да донесе нова одлука.

Предлогот ако не петок понеделник , ако не е доставен ќе се достави. Комисијата заседава во понеделник или вторник, но дали во овој понеделник или другиот понеделник ќе одлучуваат мислам дека се направени условите да одлучуваат во најбрзо време.Мислам добро ја поминавме и оваа ситуација, се надевм и после овие последни ослободувања, ова ќе биде последна позитивна одлука за јавната администрација да работи целосно и се надеваме дека повеќе нема да има ограничување на работното време – изјави министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Администрацијата од почетокот на пандемијата, не работи во полн состав и со полно работно време. Во март Владата донесе одлука да работат од дома. Во јуни дел од нив беа вратени на работа, а ослободени беа бремените жени, хронично болните и родителите на деца до 10 години. Но, со отворањето на градинките – во септември мерката веќе не важеше. Имаше ип протести на родителите на деца до 10 години, а реагираа и хроничните болни кои беа вратени на работа, освен оние кај кои специјалист констатира дека им е влошена здравствена состојба. Последната одлука Владата ја доенсе на 20  Октомври, кога бројката на заразени почнаа нагло да расте. Се препорача на целата државна и јавна администрација, општините и судовите, да работат во смени, од дома, или со ротации.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе