Македонија

20-годишнина од почетокот на воената криза во Македонија

Во тетовско Теарце денес беше одбележана 20-годишнината од вооружениот напад на полициската станица, во која загина бранителот Момир Стојановски, а тројца негови колеги повредени. Цвеќиња во знак на почит на спомен плочата положија неколку делегации, по што организаторот „Одбор на бранители“ побара поголема грижа за бранителите и нивните семејства.

Жителите на Теарце велат дека соживотот тече, а немилиот настан не се заборава, иако за него не се зборува многу.

Нападот, за кој тогаш одговорноста ја презеде т.н. Ослободителна народна армија неофицијално се смета за почеток на воената криза во земјава.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе