Македонија Најважни

После години неработење – државата почна да ги рапоредува рамковните административци, оние во странство добиле откази

Без торта и изненадувања како за партискиот лидер, на првиот прес во новата зграда, министерот објави дека почнува трансферот на административците кои беа на државна плата со години без да имаат работно место во државниот апарат. 1.349 државни службеници ќе бидат испратени на работа во 237 државни институции, на сите нивоа и од секој вид. Главно се дипломирани правници и економисти, иако ги има и оние со средно школо. Најмногу Груби му испраќа на најплатениот министер, Оливер Спасовски – таму ќе одат 143, а за работа во државното правобранителство потпишан упат од Груби добиле 74-ца. Пазарниот инспекторат за кој немаше дозвола од финансии за нови препотребни инспектори сега ќе добие засилување од 35-мина од списокот. Ова им е претпоследната шанса, после ова доколку не се согласат, сепак остануваат на список на државни службеници но на неизвесната трансфер листа на Министерството за администрација.

Груби потврди дека имало и луѓе кои биле вработени во Македонија, а живееле во странство. Списокот е прочистен со откази, иако не појасни дали за овие измамници во администрацијата ќе има и кривичен прогон.

Груби тврди дека не станува збор за еднонационален политички проект, туку меѓу овие административци има од сите национални заедници. Очекува до крајот на јануари да заврши процесот. Префрлените после години, а некои и цела деценија неработење за кое земаа државна плата, ќе треба да почнат да работат. Според проценките изминатата деценија за овие, познати и како рамковни, вработувања се потрошени околу 100 милиони евра.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе