По три члена од секоја страна од мешовитата Комисија за историја меѓу Македонија и Бугарија денеска во обид да ги испеглаат разликите околу употребата на придавката „македонски“ во документите од работата на Комисијата, поради кои записниците од последните три средби останаа непотпишани. Според информациите на Телма состанокот кој започна во 11 часот завршил, но засега нема детали дали е нешто усогласено.
Проблемот настана откако бугарската страна по осум средби и исто толку потпишани записници почна да го проблематизира потпишувањето на записниците пораду употребата во нив на терминот „македонска историска комисија“. За бугарските историчари тоа е спротивно на Договорот од Преспа каде во членот 1 се наведува дека сите ентитети формирани или финансирани од државата мора да се именуваат согласно официјалното име на државата, па бараат македонскиот дел од комисијата да се иманува како „Комисија за историја на Република Северна Македонија“. Ова барање од македонската страна е протолкувано како барање за селективна примена на Договорот од Преспа со оглед дека бугарската страна и самата не ги почитува сите одредби од Преспанскиот како што е употребата на терминот македонски јазик, но и оти со своите барања излегува од рамките на Преспанскиот договор.
Од денешната техничка средба околу записниците нема да влијае врз одржувањето на следниот состанок ка Комисијата за историските теми која треба да се одржи во февруари, за која с еуште нема утврден датум, а на која домаќин треба да биде македонската страна. Досега мешовитата комисија ги усогласи забелешките околу историските учебници за 5 и 6 клас од образовниот систем во Бугарија и 6 одделение во Македонија, но заглави на прашања за Гоце Делчев поради инсистирање на бугарската страна да се утврди неговиот етнички идентитет, а на последната средба се вкрстија копјата меѓу двете страни и по темата Цар Самоил иако таа претходно беше кажано дека е усогласена.
Тамара Грнчароска