Македонија

Изгоре стара куќа во центарот на Штип

Изгоре старото забавиште во ценатарот на Штип, каде што официјално се сместени двајца возарсни и осум деца од ЈП за стнабен и деловен простор, а има и околу осум семејства кои нелагално се населени. За среќа нема повредени.Еден од жителите на првиот кат го забележал огнот, па сите излегле надвор.

Пожарникарите имаа тешка работа, бидејќи објектот е граден од кал и греди, а спречено е ширењето на огнените јазици кон околните куќи и згради. Во овој објект подрумскиот дел и првиот кат се целосно опожарени.

Од општина Штип велат дека се бара решение за сместување на семејствата кои поради ниските температури не смеаат да останат подолго време надвор, а трајно решение ќе биде изградбата на типските куќи со европски пари.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе