Свет Топ вести

СЗО: Вакцината против ковид 19 уште еднаш ја покажа поделбата меѓу богатите и сиромашните

Вакцината против ковид 19 уште еднаш ја покажа поделбата меѓу богатите и сиромашните. Таа донесе надеж во борбата со пандемијата, но стана уште една пречка меѓу оние кои имаат и оние кои немаат.

Светската здравствена организација ги критикува договорите што богатите земји ги склучуваат со производителите на вакцини и предупредува дека мора да има рамномерна распределба на вакцината.

„Во ред е што сите влади сакаат да му дадат приоритет на вакцинирањето на здравствените работници и постарите луѓе. Но, не е во ред помладиите и здравите во богатите земји да се вакцинираат пред здравствените работници и постарите во посиромашните земји“ – Тедрос Гебрејесус, директор на СЗО.

 

Еве како изгледа светската мапа кога е во прашање вакцинацијата против корона. Во Африка и Јужна Америка, вакцинирањето воопшто не е почнато. Исто е и во Австралија.

Од земјите каде е почната вакцинирањето прва во светот е Израел. Таму е вакцинирано 28 насто од населението. Потоа, според бројот на вакцинирани се Обединетите Арапски емирати со имунизација од речиси 20 насто. Потоа се Бахреин, Италија и Франција.

Израел обезбеди голема количина од вакцината на Фајзер и Бионтек  во замена да даде податоци за имунизацијата.

Израелската влада објави дека има ваков договор со компаниите Фајзер и Бионтек.

Фајзер од Израел бара да мора да има доволно залихи за да може брзо да собира квалитетни информации за вакцината. Поддржувачите велат дека договорот може да му овозможи на Израел да стане првата земја која вакцинирала најголем дел од своето население, и да даде вредни истражувања што можат да му помогнат на остатокот од светот. Но, критичарите сметаат дека договорот предизвикува големи етички проблеми, вклучително и можни нарушувања на приватноста и продлабочување на глобалната поделба што им овозможува на богатите земји да складираат вакцини додека посиромашното население, меѓу кои и Палестинците во Западниот брег и во Газа треба да чекаат подолго за да бидат имунизирани.

Речиси четири милиони луѓе во Британија ја добија првата доза од вакцината, а над 400 илјади ја примија и втората доза.  Таму просечно против корона вирусот се вакцинираат 140 луѓе во минута.

„Само 25 дози се дадени на една од најсиромашните земји. Не 25 милиони, не 25 илјади. Само 25. Морам да бидам отворен. Светот е на работ на катастрофален морален неуспех. А, цената на овој неуспех ќе се плати со човечки животи во најсиромашните земји“ – Тедрос Гебрејесус, директор на СЗО.

СЗО смета дека ваквиот пристап само ќе ја продолжи пандемијата. Тоа ќе значи продолжување на рестрикциите и економско и човечко страдање.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Мицковски: До крајот на месецот да бидат познати и предлозите за кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката- замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе