Свет Топ вести

Навални изведен пред суд: Не разбирам што се случува

Загриженост, осуда и барање за итно ослободување на како што го нарекуваат невладините „политичкиот затвореник“ Алексеј Навални, бара Западот. „Ова е политички скандал“, смета шефот на невладината организација која го помогна транферот на Навални во Германија после труењето со нервниот агенс новичок, каде се лекуваше изминатите пет месеци. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен децидна: притворот за политички противници „е во спротивност со меѓународните обврски на Русија“ ќе спроведеме темелна и независна истрага. Додека ЕУ и Стејдепартментот испраќаат дипломатски депеши, руските власти веќе го седнаа Навални на обвинителна клупа.

  • Значи воопшто не разбирам што се случлува. Изваден сум од ќелија да го видам адвокатот само пред една минута. Дојдов тука заседава судот во Химки, некои луѓе ме снимаат, некои седат. Тоа се нарекува отворена седница на судот во Химки на која се преиспитува моето приведување на барање на шефот на полицијата. Зошто овде се одржува седница во Химки – не разбирам. Зошто никој не беше известен, зошто нема судска покана? – рече Алексеј Навални, руски опозиционер.

Во судот во малиот руски град близу Москва не им е дозволен пристап ниту на членовите на Комисијата за јавен надзор, од каде тврдат дека законот се крши.

  • Членовите на Комисијата за јавен надзор не смеат да влезат во кругот откако ги информиравме за нашата намера за вршење јавен надзор. Поминаа 15 минути откако требаше да ја започнеме нашата инспекција, така да ја наречеме. Не се наведени причини, пристапот е одбиен, телефонски повици се без одговор, никој не знае што се случува. Законот се крши – Данил Ломакин, член на Комисијата за јавен надзор.

Апсењето на Навални уште повеќе ги затегна и така напнатите односи меѓу Москва и Западот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, тврди дека Русија не поседува докази за труењето на Навални, освен неговото сведочење во Германија.

  • Навални вели: Руската Федерација и лично Владимир Путин ме отруја, и тоа го сфаќа Западот без никакво отфрлање. Но, ние имаме факти само во форма на сето она што Навални го сведочише на испрашувањата на (германските) законски структури – Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи.

Сепак притворот на Навални беше доста очекуван, бидејќи руските затворски служби тврдат дека тој ја прекршил условната казна за пресудата за проневера во 2014 година. Руските власти велат дека тој ќе остане во притвор се додека судот не донесе конечна одлука.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе