Свет Топ вести

Навални од аеродром спроведен во полициска станица

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој беше приведен вчера при пристигнувањето на московскиот аеродром Шереметјево, е спроведен од транзитната зона на аеродромот до блиска полициска станица, објави неговиот соработник Иван Жданов на Твитер.

Навални беше приведен вчера на Шереметјево по пасошка контрола по првото враќање во Русија од Германија откако беше отруен минатото лето.

Според очевидци, Навални бил приведен кога на полицијата и го покажал пасошот за време на контролата пред официјалното влегување во Русија, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокат им било дозволено да влезат во Русија.

Навални е притворен поради повеќе прекршувања на условната казна и ќе биде во притвор се додека судот не донесе одлука за неговиот случај, соопштија руските власти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе