Македонија

Рестриктивните мерки го зголемија ризикот од семејно насилство

86 жртви се охрабриле да пријават семејно насилството во Центарот за социјални работи во Битола во периодот од јанурари до септември лани, што е над 50 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019, кога имало 57 пријави. Иако семејното насилство е глобален социјален проблем, за време на  пандемијата состојбата е уште посериозна, велат психолозите.

Жртвите на семејно насилство кои што и претходно беа жртви на семејно насилство, сега во оваа ситуација се многу повеќе изложени на ризик, затоа што се затворени во своите домови заедно со насилниците. Но, од контактите кои секојдневно ги имаме со луѓето, имаме сознанија дека се зголемува насилството и кај оние семејства кај кои претходно немало. Е тоа се должи на оваа пандемија, вели Марија Младеновска Димитровска, психолог.

Долгата изолација, економската несигурност и стравот, се главните причини за зголеменото насилство во домовите.

Намалувањето на социјални контакти, губењето на работни места, губењето на слободата, сето тоа придонесе да се зголеми тензијата кај луѓето, се повеќе се исплашени, раздразливи, немоќни, вели Младеновска Димитровска

За 8 до 10 проценти е зголемено насилството во семејствата и на ниво на држава. Надлежните очекуваат дека новиот закон за спречување насилство кој е во собраниска процедура, драстично ќе ги промени сосотојбите.

Не сите жртви го пријавуваат насилството како чин, затоа што се уште имаме средини каде поради стереотипи, стигматизација, традицијата, насилството е прифатливо. Ние сакаме да го промениме тоа, да ја подигнеме свеста, жртвите да го пријавуваат насилството, вели Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Новиот  закон дава можност  по пријава за  семејно насилство полицискиот  службеник  да го уапси насилникот, а судот без рочиште, да изрече   мерки за заштита на жртвата, па дури и времено да го отстрани сторителот од домот без оглед на сопственоста.  Од 1000 до 5000 евра се движат казните  за институциите кои не постапуваат по надлежностите што им ги дава законот за спречување насилство кој до крајот на месецот треба да го изгласаат пратеници.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе