Вести Македонија

Милионски се загубите од пожарот во Глобал

Милионски штети и стотици семејства без егзистенција. Ова е билансот од пожарот во трговскиот центар Глобал во Струмица. Сопствениците и корсниците на деловни и трговски објекти повикуваат на солидарност и поддршка за обнова на објектот, бидејќи сами не можат да се справат.

Глобал се запали пред речиси две седмици, вечерта на втори јануари. Во големиот оган кој се смета дека тргнал од задниот влез за дотур на стока, изгоре голем дел од внатрешноста на приземјето, првиот кат, а оштетен е и кровот.

Пожарот покрена многу прашања за функционалноста на противпожарниот и безбедносен систем на објектот што веќе 12 години функционира во центарот на Струмица, на местото на некогашниот градски пазар.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неизвесно е каде ќе се суди за пожарот во дискотеката „Пулс“

Дејан Дејан

Тошковски и Коцевски си подадоа рака и се обврзаа на борба против криминалот и корупцијата

Дејан Дејан

Голем дел од мостовите во земјата се ризични алармираат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе