Свет

Трамп влезе во историјата со две отповикувања во еден мандат

Втор имипичмент за Доналд Трамп. Со што влегува во историјата на Америка и како прв претеседател против кого двапати во еден мандат е изгласано отповикување.

Претставничкиот дом го обвини за „поттикнување бунт“ за неговата улога во упадот на толпа негови приврзаници во Капитол минатата недела.

Десет Републиканци седнаа на страна со Демократите и со тоа гласовите се зголемија на 232 наспороти 197. Предводени беа од Лиз Чејни, жерката на поранешниот потпретседател Дик Чејни. Републиканците побараа таа да поднесе оставка како трет човек во Партијата, но Чејни одби велејќи дека не оди никаде и ќе гласа по совест. И се придружија и дузина други сопартијци.

Нема оправдување за акциите на претседателот Трамп. Даде заклетва дека ќе брани Уставот од сите непријатели, странски и домашни. Минатата недела, се случи домашна закана пред вратата на Капитол Хил и тој не стори ништо за да ги спречи. Затоа, со тешко срце, но со чиста совест, ќе гласам за ДА за овој член на отповикување, изјави Ден Њухаус од Републиканската партија.

Десет Републиканци не се многу, но се важни во овој чин, бидејќи очигледна е поделбата во паријата.

Прво, затоа што не видовме ниту еден Републиканец да гласа за претходниот имипичмент на Трамп пред една година. И второ, затоа што немаше многу пречки од Републиканците за време на претседателството на Трамп, вели дописничката на Асошиејтед прес од Вашингтон, Џули Пејс.

 Трамп мора да си оди – беа едногласни Демократите. Три часа гласаше траеше жестоката дебата во Конгресот, во истата сала каде се криеа под столици и ставаа гас маски додека насилниците се обдуваа да се пробијат внатре минатата недела. Светлечката брзина со која се изгласа импичметот е доказ за длабоката лутина и загриженост на Капитол Хил и кај Демократите, но и Републиканците. Трамп не остана молчалив. Откако сите социјални мрежи му ги укинаа налозите,  се обрати преку видео порака на профилот на Белата куќа на Твитер. Го осуди насилството, но ниту еднаш не ја спомна одлуката за отповикување.

Никогаш немало оправдување за насилството, нема извинување, без исклучоци. Америка е нација на закони. А тие што беа вмешани во нападите минатата недела ќе бидат изведени пред правдата, порача трамп.

Изгласаната одлука сега оди во Сенатот каде ќе се бара да се потврди вината на Трамп. Потребно е двотретинско мнозинство за тој да биде осуден, што значи најмалку 17 републиканци треба да гласаат заедно со демократите во речеиси изедначените сто места во Горниот дом. Следува голема внатрепартиска битка која ќе треба да се реши за неколку дена.

До сега го гледаме е почеток на Републиканска граѓанска војна. Републиканците се длабоко несигурни за својата иднина. Не се сигурни ниту за улогата која Трамп ќе ја одигра, како и за тоа што ќе сторат неговите поддржувачи, смета пејс.  

Ако Трамп биде осуден од сенатот, законодавците можат да одржат уште едно гласање за да ја спречат неговата намера да се кандидира повторно на изборите во 2024-та. Сепак, судењето ќе се случува по 20-ти јануари. И со него ќе треба да се занимава новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе