Глобален тим на истражувачи пристигна денеска во Вухан, кинескиот град каде беа регистрирани првите случи на коронавирусот, да спроведе истрага за неговото потекло. За многумина истрагата на СЗО е политички сензитивна, поради што стравуваат дека кинеските власти ќе се обидат да ги заташкаат евентуалните штетни за нив, откритија. Но СЗО тврди дека истражувачите ќе ги следат доказите каде и да ги одведат.
Тимот ќе разгледува различни аспекти од првите денови на пандемијата. Започнуваме во Вухан затоа што таму беа забележани првите случаи. Ќе ги разлгедуваме епидемиолошките податоци. Ќе ги разгледаме и доказите кое веќе беа собрани од кинеските колеги, и ќе дефинираме што дополнително треба да се нарпави во иднина, тврди портпаролот на СЗО Тарик Џасаревик.
Составот на групата експерти испратени во Вухан, мораше да биде одобрен од владата на Кина, и тоа после месеци дипломатско натегање, што предизвика дури и јавна осуда од првиот човек на СЗО Гебрејесус.
Кинеските власти тврдат дека вирусот не се појавил за прв пат на нивна територија, туку влегол во земјата преку увоз на морска храна. Но меѓународните научници се сомневаат дека вирусот мутирал во југозападот на Кина.
Знаеме дека коронавирусите природно опстојуваат во популацијата на лилјаците. Но, како се префрлил вирусот кај луѓето е многу важно да се разбере за да спречиме каква било изложеност на него во иднина. Дали меѓу двата вида учествувал и друг животински вид, или не, и како вирусот се префрлил од животинскиот свет, во човечкиот, вели Џасаревик.
Иако пронаоѓањето на истиот Ковид-19 вирус кај животните може да биде проблематично, сепак научниците оценуваат дека преку откритието на сродни вируси ќе можат да објаснат како воопшто вирусот се префрлил од животните на луѓето, и ќе можат да појаснат какви мерки треба да бидат преземени во иднина за да се спречат слични епидемии.
Игор Трајков