Битолчанец најбогат за 2019-та, пријавил 3,5 милиони евра личен доход, жена од Скопје инкасирала 500 илајди евра од игри на среќа во минатата година, најмалдиот милионер 17 години во 2019
Приматот најбогат граѓанин од Скопје се сели во Битола. Оваа година е маж и секој месец во 2019- та му легнувале по безмалку 300 илјади евра, или 3,5 милиони евра за цела година. Но, тој е 8 –пати посиромашен од скопјанката која во 2018- та постави рекорд во ујп со легнати 17,2 милион иевра. Најмногу пак од плата заработил Стружанец од металската индустрија – 1,8 милиони евра, а најголема капитална добивка инкасирал скопајнец од проджаба на удел во странска компанија или безмалку 1,5 милиони евра. Богатите и оваа година се во главниот град.
Земјоделието е најисплатливо во Скопје, односно еден змејоделц од овој регион заработил 500 илајди евра од сопствени земјоделски прозиводи. Од вршењето самостојн идејности добор се заработувакако нотар, извршител, адвокат и угостител- четири од десетте најиспалтливи дејности во државата. Мажите, најчесто играат игри на среќа, но изминатата година се збогатила жена. Најмладиот милионер има 17 години , а најновиот е роден лани и веќе заработува од закупнина.
Во 2019 година биле доставени се 802 илајди даночни пријави за граѓани кои оствариле бруто приход од 5 милијарди евра. Во однос на 2018 година има намалување на врвните прагови кога имало дури 31 граѓанни кои оставриле над 100 милиони денари и двојно повеќе во прагот од 10 до 100 милиони денари како личен доход.
Павле Беловски