Лоша година за македонските земјоделци, откупот на оризот и на тутунот стартуваше со катастрофални цени за производителите. Земјоделците веќе се на патиштата, оризопроизводителите пред една недела имаа предупредувачки протест со своите трактори. Барајќи повисока цена пред се на оризовата арпа, повисоки субвенции и повеќе нафта за површини кои ги обработуваат од виничко до карбинско поле. Побараа средба со ресорниот министер, а какошто вели Здравко Арсов член на Иницијативниот одбор на оризопроизводители се уште официјално не знаат кога ќе седнат на маса.
Оризопроизводителот Трајче Јованов низ години сеел ориз на површина од 17 хектари, а сега има седум. Причина за намалување на површините е ниската откупна цена на оризовата арпа.
Оризопроизводителите чекаат да имаат средба со министерот за земјоделство, доколку не им испрати абер кога ќе седнат на маса за нивните барања, во тој случај најавија дека од понеделник Иницијативниот одбор на оризопроизводители ќе се организира за протестoт, но и блокадата на магистралниот пат Штип-Кочани Делчево.
Викторија Јованова