Ковид19 Македонија Најважни

Од последици од Ковид-19 почина 40-годишна медицинската сестра од Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје

Почина 40 – годишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје. Таа е најмладата медицинска сестра, жртва на коронавирусот, соопшти Унијатата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС), предводена од Здружението „За нас“.

Од Унијата посочуваат дека Дојчиновска Милошевска беше голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.

– Вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските, истакнуваат од извршниот одбор на Унијата и додаваат дека нејзиниот погреб ќе биде утре, на денот на нејзиниот роденден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе