Вести Македонија

Партиски кадри наместо стручни кадри за директори на јавни претријатија

Сите молчат за изборот на Филип Андов Сокол за директор на затворот во Шуто Оризари. Вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски кој е и претседател на комисијата за избори не одговара на телефон и покрај тоа што се декларативно говореше дека ке соработува со медиумите.

Нема одговор ниту од МВР за тоа дали Андов има криминално досие а ке биде прв човек на затвор. Од влада се уште се чека одговор како паднал изборот но и колку пари земал Андов како советник на Премиерот Зоран заев.

Тој беше надлежен да го советува за да креира политики за Град Скопје. А токму во градот е познат како поранешен локален менаџер на кафулиња и угостител.

Како сега дојде до оваа позиција, какво образование има и кои му се познавањата за затворскиот систем – одговор нема. Според информациите на Телма директорската функција од Есад Рахич ќе ја превземе во понеделник. Рахич пак ќе оди во државното претпријатие нафтовод.

Но ова не е единствениот случај кој ја зачудува јавноста а поврзан со вчерашните кадровски решенија кои ги донесе Владата. така на пример поранешната пратеничка од ЛДП Јулијана Николовска која инаку е дипломиран професор по информатика ќе биде вд директор на Национални шуми.

Поранешниот заменик министер за транспорт Фатон Положани сега ќе биде вд на јавно претпријатие Колекторски систем. Екс заменик министерот за одбрана пак кој завршил политички науки Иљми Селами ќе биде заменик директор на статистика.

Има и помалку звучни имиња. Советник во советот во Кичево Ардиан Муслиу ќе седне во директорското столче на државниот просфетен инспекторат. кандидатот за градоначалник на БЕса за шуто оризари Мухамед цури пак ке биде ве де заменик директор за национална радиодифузија. Вицепремиерот во Владата Артан Груби убедува дека сите се компетентни за функциите.

Со децении експертите и невладините алармираат дека дефиниција за директор не смее да биде партиски послушник туку стручен кадар.Сепак и понатаму нивнио профил секогаш почнув со партиска книшка, иако вицепремиерот за антикорупција Николовски во два наврати најави- нема да се гледа партиски, етнички, регионално, роднински или пријателски туку по сработеното.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе