Ковид19 Македонија

Здравствените работници со видео порака до граѓаните -Има време за журки, празнувајте одговорно

Министерството за здравство објави денеска видео порака од повеќе здравствени работници, кои се на првата линија во борбата против Ковид-19, во која тие апелираат до граѓаните да се придржуваат до препораките на кампањата “Празнувај одговорно” и да ги почитуваат сите мерки во пресрет на празниците.

“Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!“,  укажуваат здравствените работници во видео – пораката до македонските граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе