Македонија

Комитет на ОН потврди дека две жени ромки биле дискриминирани здравствено и не добиле судска заштита

По пет годишни превирања низ судските лавиринти две жени Ромки ја добија битката против државата.

Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената при Организацијата на обединетите нации утврди повреда на правото на еднаков третман и дискриминација врз основа на етничка припадност кај две жени Ромки на кои им било оневозможено да добијат еднаков пристап до гинеколошки услуги.

“Овој случај е доказ на потфрлувањето на нашата држава и негрижата за здравствените права на Ромите и Ромките. Овој случај е само еден од многуте за кои ние Иницијативата на жени од Шуто Оризари алармираме и застапуваме за уживање на сексуалните и репродуктивните права и слободи. Долгогодишниот проблем на немањето матичен гинеколог во Шуто Оризари, незаконските наплати кои го ограничуваат пристапот до гинеколошките услуги во услови на пандемија за жените Ромки значи живот” – вели Салија Беќир – Халим од Иницијативата на жени од Шуто Оризари.

Се започнало со тест ситуација во кој учествувале три жени Ромки и три жени Македонки, велат од ХЕРА, бидејќи и претходно жените Ромки се жалеле на ваквиот пристап.

“Сите жени Ромки беа одбиени од гинекологот, односно од медицинската сестра на гинекологот со објаснување дека гинекологот прегледува само постари пациентки, а во исто време жените Македонки беа примени беа прегледани, а беа на иста возраст како и жените Ромки” – изјави Тона Карева од ХЕРА.

Жените Ромки поднеле тужба пред суд со цел да си ги заштитат правата, но судовите не ја препознале дискриминацијата и ја одбиле тужбата како неоснована.

“Комитетот јасно утврдува дека државата ги дискриминила Ромките на начин што тие немале пристап до гинеколошки услуги, но она што повеќе загрижува е дека не добиле соодветна судска заштита на актот на дискриминација кој што го претрпеле од приватна здравствена установа и токму тука ги фокусира и препораките велејќи дека судовите кои одлучувале во конкретниов случај не покажале разбирање и знаење за феноменот на дискриминација, но и за ранливоста на Ромките во општеството”, оцени адвокатката Наташа Бошкова.

Загрижувачки се и податоците според анкетата на Иницијативата кои говорат дека во 2019 та година 43% добиле бесплатни гинеколошки услуги кај својот матичен гинеколог, додека годинава само 14 % ја добиле истата услуга.

Жените Ромки и денес во Шуто Оризари немаат гинеколог и според најавите на Министерство за здравство во тек е тендер за нова опрема за гинекологот кој би работел таму, вели Беќир Халим.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Повредените во пожарот во Пулс и нивните семејства молат за помош од државата, власта купува време

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе