Ковид19 Македонија Најважни

Во кафеана за празниците бараат угостителите – докторите не дозволуваат

Елките во угостителските објекти веќе се декорирани ама за Нова година секаде ќе биде празно. Планот на стручните лица од Комисијата за заразни болести е да се изборат да не дојде до трет бран на Корона вирусот, преку забрана на собири и забави во угостителските објекти за празниците. Извори од Комисијата за Телма велат дека ја разбираат маката на угостителите, но утре сигурно ќе се разговара за мерките кои ќе важат за кафулињата и рестораните во следниот период. Според информациите, засега не е на маса и опцијата полициски час.

Во пресрет на новогодишните празници и во исчекување на исходот на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести, угостителите се уште не знаат – дали ќе се соочат со уште порестриктивни мерки од веќе постоечките.

Во моментов работат до 21 часот, но може и целосно да им се забрани работата во деновите кога традиционално – празничното расположение се подгрева токму во кафулињата и рестораните. Угостителите побарале утре и тие да присуствуваат на состанок со Комисијата за заразни болести. Наспроти најавената мерка за кратење на работното време или целосно затворање – угостителите бараат да им се продолжи работното време повикувајќи се на почитувањето протоколи.

Мислам дека треба малку повеќе да се посветат околу тоа каде и како луѓето ќе ги организираат своите новогодишни забави, прослави и дочеци. Она што сме сведоци во изминатиот период е дека на социјалните мрежи се изнајмуваат вили, викендици, дури и хотелите почнаа да ги нудат своите соби затоа што имаат можност и услови да работат после полноќ се со цел да им овозможат на гостите да ја пречекаат новата година бидејќи на угостителите им е забрането, вели Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора.

А, бидејќи лекарите и епидемиолозите цело време предупредуваат дека луѓето треба да се стрпат годинава и да нема ниту слави ниту прослави ниту дочеци – ангажирана е полицијата. Се уште чекаат инструкции од повисоките тела за да можат да се впуштат во контрола на тоа – кој изнајмува, а кој организира собири на повеќе од десет луѓе во затворено и покрај високиот ризик. Во само едно кратко соопштение надлежните од безбедносниот сектор напишаа дека сите наредни чекори за постапување ќе зависат од следните насоки што ќе дојдат од здравствените лица и од Главниот кризен штаб.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе