Вести Свет

Приморац: Засега нема несакани ефекти од вакцините со неочекуван интензитет

Алергиски реакции, осип на кожата, сврбеж, краток здив, се многу чести појави при давањето вакцина, вели хрватскиот научник и член на владиниот Научен совет Драган Приморац.

Тој објаснува дека двајцата здравствени работници кои во Велика Британија по примањето на вакцината појавиле алергија, знаеле дека е можно тоа да им се случи, бидејќи тие и претходно страдале од алергија. Затоа, покрај себе имале адреналин кој помогнал да се смири реакцијата.

Во спротивно, може да има фатален исход. Затоа, следуваше и препораката луѓето склони на алергија да не ја примаат вакцината, објаснува Приморац. Сега, вели тој предноста на Европа е што засега се уште набљудува што се случува со вакцината, и сето тоа што се забележува, за да се соопшти вистината.

Тие кога тоа го толкуваат велат дека тоа се случува статистички е на граница на нормалата кај населението. Но, она што можам да го забележам е што ЕУ има голема предност. Ние всушност сме набљудувачи на она што се случува во Велика Британија и САД. Тоа е огромна предност, и знам дека европската медицинска агенција тоа го набљудува и нема шанси да дозволи вакцината да се администрира во ЕУ доколку се појават несакани ефекти со неочекуван интензитет. Засега тоа не е така, вели Приморац.

Американската агенција за храна и лекови се очекува во секој момент да соопшти дали вакцината на Фајзер и Бионтек ќе почне да се употребува во земјата. Во изминатото деноноќие САД бележат нов црн рекорд на смртни случаи.

Три илјади луѓе ја загубиле битката со КОВИД 19 во земјата, што е највисока бројка во еден ден на светско ниво. Според инфектолозите, вакцинацијата на населението е најважна ако сакаме да вратиме на стариот начин на живот.

Иако, првите денови од имунизацијата против ковид 19, во Велика Британија ја разниша довербата кај луѓето, сепак половината од нив се подготвени да ја примат. Но, од светската Алијанса за вакцинација, во која се Амнести интернешенел и Оксфам, предупредуваат дека таа треба да е достапна за сите земји.

Според информациите, најбогатите земји нарачале толку многу дози од вакцините на Фајзер и Модерна, што можат трипати да ги вакцинираат своите граѓани, додека најсиромашните се целосно изоставени. Се предупредува дека ако драстично не се промени нешто, милијарди луѓе во светот нема да ја добијат вакцината против корона вирусот во наредните неколку години.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе