Во британската агенција за лекови пристигнаа два извештаи за можни алергиски реакции кај луѓето кои први ја примија вакцината против Ковид-19. Докторката Џун Рајен, која е на чело на британската агенција пред парламентарниот комитет потенцираше дека овие случаи ќе бидат под посебен надзор.
Како илустрација можам да споделам со одборот дека синоќа разгледуваваме два случаи на алергиски реакции. По широките клинички испитувања знаеме тоа не е безначајно. Но ако треба тоа да се зајакне, кога го имаме ова искуство со ранливите категории, групите кои се одбрани како приоритетни, советот е тоа веднаш да се направи на терен, вели Џун Раин, директор на регулаторна агенција за лекови.
Случаите на алергии се појавија во период кога расте сомнежот за сигурноста на вакцината и недоволната истраженост на нејзините нуспојави. Од вчера во Британија постарите категории граѓани и медицинските лица ја примаат вакцината на Фајзер-Бионтек. Британската агенција очекува и потврда за тоа дали вакцината пружа долготрајна заштита од коронавирусот.
И не знаеме колку долго. знаеме дека овие се многу добри вакцини кои пружаат краткорочна до среднорочна заштита. Не знаеме колку трае. Може да траат многу долго. Би можело да траат, знате, девет месеци. Мислам дека веројатно ќе биде нешто меѓу двете меѓу двете дози. И во тој случај, можеби ќе имаме ситуација на повторно вакцинирање, посебно на луѓето кои се најчувствителни, рече Крис Вити, главен лекар во Велика Британија.
Меркел пред Бундестагот изрази сомнеж дека нема да можат да обезбедат доволно вакцини во првиот квартал од 2021 година, со што требаше да се направи пресврт во текот на пандемијата.
Од страв дека САД може да останат без доволно вакцини, американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша указ со кој на домашните коминтенти ќе им се даде предност при доставувањето вакцини против Ковид-19. А новоизбраниот американски претседател Џо Бајден претставувајќи го неговиот тим во борбата против пандемијата најави масовна дистрибуција на вакцини, во првите сто дена од неговиот мандат да има сто милиони вакцинирани.
Билјана Ставрова