Вести Најважни Свет

Почна вакцинацијата против КОВИД 19 – прва ја прими 90-годишна жена

Деведесетгодишна жена е првиот човек на светот кој прими вакцина против ковид-19 надвор од тестирањата, откако Велика Британија денеска ја почна масовната програма на вакцинирање, што беше наречено Денот В. Маргарет Кинан, која следната недела ќе наполни 91 година, кажа дека ова ѝ е најдобриот роденденски подарок.

Во центрите низ земјата прво ќе се вакцинираат лица над 80 години и некои здравствени работници и вработени во старечки домови. Тие ќе ја примат вакцината што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“, која на тестирањата покажала 95-процентна ефективност.

Кинан ја примила вакцината во Универзитетската болница во англискиот град Ковентри.
„Се чувствувам привилегирано што сум првата личност која се вакцинира против ковид-19. Ова е најдобриот роденденски подарок што можев да го посакам и значи дека во новата година ќе можам да поминам малку време со семејството и пријателите, откако речиси цела година бев сама“, изјави Кинан.

Велика Британија е прва земја на светот која одобри вакцина против ковид-19 и до крајот на годината се очекува да бидат вакцинирани околу 400.000 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе