Одлуката на Вишиот управен суд за рудникот Иловица сѐ уште не стигнала до Државната второстепена комисија за управни спорови. Претседателката на комисијата, Даница Чадиева, за Телма изјави дека за одлуката слушнала од медиумите и дека ја очекува да ја види за да може да се изјасни.
Содржината на одлуката е непозната и за министерството за економија, но не се откажуваат од понатамошно делување. Сметаат дека сите аргументи се на нивна страна.
Активистите се револтирани и велат дека не отстапуваат од основното барање – рудникот да не се отвори.
Од компанијата Еуромакс денеска со соопштение известија дека Одлуката на Вишиот Управен Суд и правосилноста на Пресудата на Управниот Суд создаваат нова правна извесност за иднината на Проектот „Иловица – Штука“. Очекуваат дека ќе имаат конструктивна и ефикасна соработка со Владата и сите релевантни институции за да го обноват и забрзат процесот за обезбедување на сите потребни одобренија и лиценци.
Сузана Мицева