Свет

Во Русија ќе се тестира кинеската вакцина против Ковид-19

Новата руска вакцина Спутник-5 се транспортира низ регионите на земјата по почетокот на масовната вакцинација во Москва, која започна  викендов. Првата доза на вакцината веќе ја прима воениот персонал во Далечен исток на Русија. Ладилниците во вакцината се чува на минус 18 степени целзиусови, вршат транспорт во регионот Челјабинск, каде први ќе бидат вакцинирани медицинските лица и наставниците.

Властите во Русија денеска дозволија на нејзина територија да се тестира кинеската вакцина против Ковид-19. Во клиничкото тестирање ќе учествуваат 8.000 волонтери.

Германските здравствени власти денеска објави вакцинацијата во земјата ќе почне во првите денови од 2021 година. Се очекува Европска Унија до 29 декември да донесе одлука за одобрување на првата вакцина.

Во истовреме Австриската покраина Салцбург планира во болниците и домовите за стари лица да се вработуваат само луѓе кои се вакцинирани против Ковид-19. Потпретседателот на оваа покраина Кристиан Штекл бара вакцината да биде задолжителна и за вработените во градинките и училиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе