Економија

Бензините поевтинуваат за денар до 1,5 денари

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар за литар, додека цените на дизелот остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,9 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61 денар за литар,
ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) по 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,368 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,042 отсто и кај дизелот за околу 1,524 отсто, како и  за 1,108 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе