Економија Топ вести

Тутунарите од карбинските села на протест

Тутунарите од карбинските села под Плачковица утринава протестираа  пред  откупниот пункт, барајќи подобра цена за жолтото злато. Сметаат дека годинава маката ќе им биде бадијала, со воведувањето и на четвртата класа при ценење на тутунот.

Најголемиот тутунопроисводител во карбинскиот регион вели дека неговото шест члено семејство егзистира само од производство на тутун, откупот го чекаат цела година за да можат да  преживеат.

Заменик министерот за земјоделство, при последната посета на штипскиот регион призна дека катастрофално почна сезоната на откуп на тутн, пред два дена пак ресорниот министер имаше и средба со тутунарите и откупувачите, од денеска и официјални сите откупни пунктови се отвараат, а како ќе се одвива откупот и дали ќе интервенира државата, ќе се знае наредниот период.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе