Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа својот прв митинг по поразот на претседателските избори.
Големиот собир во Џорџија доаѓа пред клучните повторени избори во оваа држава во јануари, кои ќе одлучат кој ќе ја задржи контролата на горниот дом на Конгресот.
Џо Бајден е првиот кандидат на Демократската партија кој победил на претседателските избори во оваа држава од американскиот југ од 1992-та година, но Трамп и неговите подржувачи упорно одбиваат да ја прифатат реалноста и поразот.
Претседателот Трамп постојано одбиваше да го признае поразот и безброј пати без никави докази обвинува за голем изборен грабеж.
Шокантно, Трамп на своите подржувачи им кажа и дека тој би прифатил пораз, но под предуслов дека тоа било резултат на фер избори.
“Морам да ви кажам, доколку јас изгубев, ќе бев многу добар губитник. Ќе кажев “изгубив” и ќе заминев на Флорида, ќе одмарав и насекаде ќе зборував колку добра работа направив. Но не може да се прифати кога тие крадат и местат и фалсификуваат. Не се прифаќа. Демократите се обидоа да го украдат претседателството и даваат се од себе за тоа. Ги гледате ли лажните вести?” – изјави Трамп.
На удар на бесот на американскиот претседател минатиот месец се и гувернерот на Џорџија и другите високи официјални претставници на оваа држава, сите од неговата републиканска партија.
Тие според Трамп, се виновни затоа што не направиле ништо да го спречат грабежот на изборите.
Кампањата на Трамп ги изгуби сите правни процеси и жалби за наводниот фалсификати и тоа пред судиите кои токму тој ги именуваше. Причината е едноставна – нема никакви докази за тврдењата.
Иако дел од репубиканците во Џорџија стравуваат дека инсистирањето на Трамп за грабеж на изборите ќе ги обесхрабри конзервативните гласачи да излезат на изборите, американскиот претседател испрати силен апел за масовен одзив на гласањето.
“Од блиску ќе го следиме ова, сите анализираат. Вие мора да излезете и гласате. Ако им дадете повторно да ја украдете Џорџија, нема да можете да се погледнете себе повторно во огледалото, мораме да се одбраниме овде” – вели Трамп.
Од кабинетот на Гувернерот на Џорџија потврдија и дека тој примил голем број закани од верните следбеници на Трамп, бесни затоа што тој не го спречил фалсификатот.
За луѓето кои безрезервно го следат Трамп, Бајден кој на изборите освои над 7 милиони гласови од актуелниот шеф на државата и убедливо победи и во изборниот колеџ, кандидатот на демократите никогаш нема да биде претседател на Соединетите американски држави.
“Бајден никогаш нема да биде наш претседател, никогаш. Никогаш.
Не. Тој може да се врати во подрумот. Готов е. Нема да прифатиме пораз овде, премногу крадење. Би прифатиле фер избори, но ова не беа фер избори” – велат Керол и Бред Даниелс, жители на Лизбург, Џорџија.
Најдобра илустрација за верноста на следбениците на Трамп, но и за жестока поделеност во американското општество, е и фактот дека на сметката на кампањата на Трамп , по завршувањето на изборите, досега легнале повеќе од 200 милиони долари, донации кои се правдаат со желбата пред судот да се докаже наводниот фалсификат.
Никола Илиевски