Илјадници демонстранти се собраа на улиците на Париз за да го изразат својот револт поради полициската бруталност и против безбедносните политики на претседателот Емануел Макрон, со кои според нив се повредуваат граѓанските права.
Полицијата со солзавец ги растеруваше демонстрантитем кои фрлаа со факели кон полициски трупи густо поставени на градските улици. Дел од демонстрантите крешеа и излози од околните продавници
Тие со себе носеа транспоренти со следниве пораки “Франција – земја на полициските права“ и „Повлечете го законот за безбедност“.
Француската полиција вецерва привеле 22 учесници на масовниот протест.
Партијата на Макрон неделава објави дека ќе изврши измени во предложениот закон, со кој се ограничува споделувањето фотографии и снимки на полицајци, откако наиде на силен отпор од јавноста и левицата.
Незадоволството во јавноста ескалираше кон крајот на ноември откако полициски службеници го претепаа музичкиот продуцент од африканско потекло Мишел Зеклер, а за инцидентот грашаните дознаа по објавата на снимката на интернет.