Економија

Блокада на откупните пунктови, а потоа и протести, најавуваат тутунопроизводителите

Тутунопроизводителите и нивните поверенци да ги блокираат откупните пунктови доколку и следната недела продолжи нереална проценка на тутунот, повикаа од Сојузот на земјоделски здруженија, откако деновиве производителите се пожалија на ниски откупни цени за предадениот род. Компниите кои го почнаа откупот, во просек исплаќаат од 120 до 140 денари за килограм, а  производителите велат дека реалната цена изнесува од 180 до 200 денари

-Понеделник и вторник, секаде каде што се предава тутун, дококу има нерелана проценка и се зема тутунот класа подолу, да се блокираат откупните центри, вагите да се блокираат, да се извести Министерството и Инспекторатот. Министерот најави дека ќе посети некои откупни пунктови за да види како оди откупот, да се реши ситуацијата, вели Менде Стомнаровски, претседател на Сојузот на земјодeлски здруженија. 

Откпувачите се правдале  дека тутунот е со послаб квалитет. Производителите, пак,  тврдат дека цените се далеку под реалните и не можат да ги подмират ниту основните трошоци

-Годинава можно е со нијанса да е послаб од другите години, но,  не онолку како што кажуваат откупните претпријатија дека  е многу слаб тутунот, па морале така да откупуваат. Не е точно тоа, послаб тутун имаме во долните берби каде тие и онака не го плаќаат убаво, но горните берби се квалитетен тутун кој убаво се исуши, затоа што и годината беше сушна на крајот,   вели Месуд Рушити од Црнилишта.

-Не можат да опстанат луѓето, оти трошоците се многу поголеми од оваа цена, посебно оние што работат со аргати, исклучиво ќе им остане само за аргатите, вели Коста Колески, тутунопроизводител од Прилеп. 

По  вчерашната средба со тутунопроизводителите и откупувачите, министерот за земјоделие Арјанит  Хоџа рече дека дел од проблемите се должат на КОВИД кризата, а очекува до крајот на откупот сосотојбата да се стабилизира. Најавува засилени  инспекциските контроли, а се  размислува за укинување на четвртатат класа за да се зголеми просечната цена на тутунот.  Досега се откупени 260 од вкупно 23 илјади тони тутун колку што тежи годинешната реколта. Само 4 од вкупно 10 компании ги отвориле откупните пунктови, а краен рок е 15 декември. Тутунарите  велат дека доколку не се надминат проблемите со ниските откупни цени, ќе излезат на протести.

Емилија МИсирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе