Ковид19 Македонија Најважни

Филипче: Не земајте на своја рака Ремдисивир и Фавир

Ремдисивир и Фавир не можат да се најадат во македонските аптеки, но се продаваат на црно на социјалните мрежи. Семејствата кои имаат тешко болни од коронавирусот во надеж дека ќе им помогнат ги порачуваат, а претходно ги купуваат и од соседно Косово. Овие лекови се недокажани за лекување на Ковид 19 алармираше денеска од Штип, министерот за здравство Венко Филипче. Порача никој да не ги зема на своја рака.

Филипче е дециден дека постои протокол за лекување на ковид болните, а на лекарите им е укажано неколку пати.

Министерот за здравство денеска во Штип имаше состанок со раководствата на здравствените институции, очекува штипската модуларна болница да биде готова до крајот на годината, бидејќи во овој регионален центар постојано има притисок за болничко лекување на пациентите. Веќе три дена се зголемува бројот на лица кои се хоспитализиираат, а над 30 се на кислородна поддршка.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе