Економија Топ вести

Комуналните претпријатија нетранспарентни, мал број граѓани плаќаат он-лајн

Комуналните претпријатија на истокот се транспарентни и отчетни само 20 отсто. Овие поразителни резултати ги има добиено невладината ИНИ Виница, од каде што велат дека тоа говори за нивниот интегритет и сликата за корупцијата во нив и со бизнис сектор.

Од 12 јавни претпријатија, три во Виница, Карбинци и Пехчево немаат веб страници. Жителите и печалбарите неможат да се информираат, ниту пак по електронски пат да си ги плаќаат сметките. Виничкото претпријатија порачало веб страница, но годината што изминува се оценува како лоша.

Останатите само формално ја задоволуваат транспарентноста и отчетноста, страниците не им се ажурирани. 60 отсто од нив ги информираат корисниците каде ги потрошиле парите и што ќе работат во текот на една година. Но и подобрите не се задоволни од оценките. И комуналните претпријатија, но и граѓаните се уште не го фаќаат чекорот со новиот електронски начин на плаќање на сметките.

Според анализата на ИНИ Виница пет јавни претпријатија ги имаат објавено финансискиот извештај за 2019 година, а само две јавни претпријатија ги имаат објавено сите четири квартални извештаи. Исполнети се услови за разрешување на пет директори на јавни претпријатија поради необјавување извештаи од работењето. Граѓаните ниту знаат кои се членовите на Управните и Надзорните одбори, кои ги бира мнозинството во советите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе