Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Маџистрис потврди дека стадионот Сан Паоло на кој настапува членот на Серија А, Наполи во иднина ќе го носи името на Диего Армандо Марадона.
“Имаше голем број на прекрасни идеи, но новото име на стадионот ќе биде Диего Армандо Марадона”, изјави де Маџистрис.
Марадона кој почина минатата среда дресот на Наполи го носеше во периодот од 1984 до 1991 година, време во кое клубот освои две титули шампион на Италија (1986/87 и 1989/90), а во сезоната 1988/89 триумфираше во Купот на УЕФА.
Стадионот кој до сега го носеше името Сан Паоло е изграден во 1959 година и на два пати беше реновиран. Првиот во 1989 во пресрет на Светското првенство што се одржа во Италија, а потоа и во 2018 и има капацитет од 55.000 места.