Ковид19 Свет Топ вести

Во светот над 62,5 милиони луѓе се инфицирани со Ковид-19

Во светот со новиот коронавирус инфицирани се 62,57 милиони луѓе, а од последици од заразата починаа 1.458.309 лица во 210 земји и територии во светот.

Според интернет-страницата „Ворлдметар“ досега оздравеле 43.194.258 пациенти, а 17.920.855 се активни случаи.

Најголем број на инфицирани со Ковид-19 регистрирани се во САД – 13.610.357 луѓе, потоа следи Индија со 9.393.039, а на трето место е Бразил со 6.290.272 заразени лица.

САД со 272.254 починати се на прво место и по бројот на смртни случаи, на второ место е Бразил, каде починаа 172.637 луѓе, а на трето место е Индија каде од последици од Ковид-19 починаа 136.733 луѓе.

Во Русија се регистирирани 2.242.633 новозаболени и 39.068 починати, а од европските држави најпогодена е Франција со 2.208.699 инфицирани и  52.127 смртни случаи, а потоа е Шпанија со 1.646.192 заразени и 44.668 починати лица.

Велика Британија со 1.605.172 потврдени случаи, има помалку заразени лица од Шпанија, но поголем број на смртни случаи – 58.030.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе