Драматично расте бројот на заразени и починати од КОВИД-19 во Битола. За само еден месец битката со кронавирусот ја изгубиле 68 битолачни. Вчера починаа 6 лица, а меѓу нив двајца се на 38 и 39, останатите од 60 до 72 години. На 25 октовмри во извештајот на Институтот за јавно здрав во Битола се евидентирани 19 смртни случаи од почетокот на пандемијата, а еден месец подоцна, на 25 ноември има 87 починати. Смртноста е 4,6 проценти, со што Битола сега е меѓу градовите со највисок леталитет. И бројот на позитивни е во постојан пораст, вчера се регистрирани 87, а за само еден месец во Битола има 1400 новозаболени.
Исклучително сложена е и епидемиолошката слика и во Прилеп, каде за само еден месец починале 72 лица, а се заразиле 1700. Поради драматичната состојба градоначалникот Илија Јованоски вчера од Главниот кризен штаб побара засилени рестриктивни мерки, а матичните лекари да се вклучат со дежурства на Инфективното одделение во прилепската болница каде персоналот е на работ на издржливост. Министерот Филипче вели дека засега не се планираат дополнителни мерки во Прилеп, но сепак, утре ќе се сретне со прилепскиот градоначалник.
Во Битола се хоспитализирани 63 , а во Прилеп над 100 пациенти, но се уште има слободни болнички кревети. Голем дел од овие заболени се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.
Емилија Мисирлиевска