Конкретни и серизони идеи и предлози се разменети меѓу Македонија и Бугарија за надминување на прашања кои ги проблематизираше Софија, а кои кај македонската страна, најпрвин кај премиерот Заев пред два дена, па денеска и кај шефот на дипломатијата, предизвикуваат оптимизам дека до Самитот на ЕУ ќе може да биде постигнат договор.
„Има конкретна активност, има комуникација и моја лична со Захариева во претходните денови, меѓутоа и на други можни нивоа и навистина сметам дека постои солидна основа да може да се најде заедничка точка, односно согласнот за да може да продолжи процесот“ информира Бујар Османи, министер за надворешни работи на Македонија.
Не можам да влезам во суштината на идеите, но има конкретна активност и комуникација и навистина постои солидна основа да се најде заедничка точка, согласност за да продолжи процесот.
Територијалните претензии, работата на комисиите меѓу двете земји, прашањето за малцинството, говорот на омраза во медиумите, економската соработка, инфраструктурното поврзување се темите за кои Османи информираше дека се разговара. Јазикот и идентитетот не се на овој список.
„Република имаше јасен став по идентитетските прашањ, дека не ги спори и дека до сега не сме имале појасна формулација од страна на Република Бугарија дека не го спори идентитетот и јазикот“, изјави Османи.
За спорењето на Бугарија дека македонскиот јазики и нација не постоеле пред 1944 Османи со став:
„Да има различни погледи по однос на историските контексти и основи, з акои што се формирани комсии од кои очекуваме заеднички интерпретации врз основа на историските факти“, е ставот на шефот на дипломатијата.
Македонските историчари од мешовивитата историска комисија со Бугарија пак постојано изјавуваат дека не е работа на историчарите да утврдуваат идентитетски прашања, што беше и причина досега да не се постигне согласност околу Гоце Делчев.
Сепак , оптимизам кај Османи има и по прашањето на Делчев, во пресрет на нова средба на Комисијата на почетокот од декември.
„На моменти имам чуство дека разликите со во нијанси во однос на различните погледи на историчарите од двете комисии“, изјави Османи.
Неофицијалниот рокот од помалку од две недели за постигнување на договор со Бугарија, до министерскиот состанок на ЕУ, Османи не смета дека е притисок поради кој земјава би прифатила и не толку добри предлози, иако смета дека за Македонија е многу важно прашањето сега да се реши. Сепак, според него, решение не треба да се бара во потпишување на нов Договор со Бугарија, туку со враќање на довербата во веќе постоечкиот од 2017.
Тамара Грнчароска