Вести Македонија Топ вести

Аерозагадувањето – второто зло со кое се соочува државата

Ковид 19 и загадениот воздух се две зла кои ни се случуваат во исто време, посебно во грејната сезона реагираат лекарите и екологистите. Без оглед на промената на функционирање на сите институции поради пандемијата мерките за аерозагадување мора да се спроведуваат координирано во сите сектори, смета професор Ѓорѓев.

Нивото на загадување малку е намалено, ефектите се слични. Последните податоци ни кажуваат дека околу 1500 до 2000 луѓе во Скопје умираат само од аерозагадувањето, значи тоа се смртни случаи кои можат да се припишат на аерозагадувањето. Не очекувам големи промени ни оваа година, вели професор д-р Драган Ѓорѓев, Институт за јавно здравје

Голем број релевантни научни истражувања покажуват дека има поврзаност меѓу Ковид 19 и загадениот воздух, бидејќи се респираторни и фокусирани кон белодробниот систем.

Граѓаните сега мора исто да знаат дека има една контроверзна ситуација сега. Дали да се излегува надвор поради Ковидот дека не можеме да излегуваме надвор и ако мора да се излегува маските во однос на Ковидот не се истите кои што ќе не спасат и од аерозагадувањето . Значи дополнителна рестрикција во движењето ќе мора да имаме заради аерозагадувањето посебно овие смог денови, сега кога е сончево и со ветер може е малку порелаксирано, вели Ѓорѓиев.

За градоначалникот Шилегов градските инспекции во моментов прават се да бидат лоцирани загадувачите .

Перманентно е присуството на градските инспекции во текот на 24 часа поделени во смени. Ние во текот на утрешниот ден кооординираме конечно да го потпишеме и меморандумот за соработка со општините во градот со цел да го здружиме инспекторатот онака како што треба. Плус ја имаме и воздушната поддршка која што ја изведуваме со термалните дронови кои што ги откриваат загадувачите само со термалните дронови. Досега имаме лоцирано и санкционирано повеќе од 23  прекршители кои што палеле огин на отворено и кое  што во голема мера се одразува на квалитетот на воздухот.

Според професор Ѓорѓов  граѓаните посебно во овој период треба да бидат свесни и за својата улога во загадувањето имајќи ги предвид сите нешта со кои би можело истото да се намали.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе