Економија Топ вести

Дизелот поскап, а ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтин за половина денар

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за половина денар за литар и ќе изнесува изнесува 59,5 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува 61,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за половина денар за литар и ќе чинат по 51,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,481 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек за околу 2,138 отсто, зголемената кај дизелот во просек за околу 1,448 отсто, како и за 0,185 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реакцијата на Костадинов е одраз на нивото на демократија во сите партии?!

Дејан Дејан

Евакуирани над 1.500 луѓе – голем пожар на Крит

Дејан Дејан

Најмалку четворица убиени, 14 повредени – пукање пред ноќен клуб во Чикаго

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе