Ковид19 Македонија Топ вести

Гевгелија уште месец и пол без модуларната болница

Почнаа подготовките за поставување на модуларната болница за ковид пациенти во Гевгелија. Се уредува просторот, се прават приклучоци за струја и вода, коишто се обврска на општината, а монтирањето на болницата го прави министерството за здравство.

Сепак, покрај големиот број пациенти, овој дел нема да биде готов уште најмалку месец и половина.

Дури наредната недела ќе почнат да пристигнуваат елементите, а подоцна ќе се склопуваат.

Според Крџев засега капацитетите на болницата се доволни, бидејќи адаптираат делови од две одделенија додека стаса модуларната болница.

Во Струмица, пак, иако беше најавена модуларна болница во кругот на постоечкиот комплекс, повеќе никој не ја спомнува.

Не е готов ниту регионалниот ковид центар што треба да е сместен во новиот крак, кој веќе двапати го најавуваше министерот за здравство, Венко Филипче. Во меѓувреме, персоналот на болницата се снаоѓа како знае и умее, постојано со преполни капацитети.

Во Југоистокот има околу 1000 активни случаи на ковид-19.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе