Свет Топ вести

Во Свети Сава погребан српскиот патријарх Иринеј

Патријархот на Српската православна црква Иринеј, беше погребан денеска во криптата на храмот Свети Сава во Белградската населба, Врачар.

Претходно, српскиот митрополи Хризостом, повеќе владици и 16 свештеници, одржаа литургии во централниот дел од храмот, каде беше изложено телото на патријархот Иринеј.

Говори одржаа и српскиот претседател, Александар Вучиќ како и српскиот член на претседателството на БИХ, Милорад Додик.

Посмртните останки на Иринеј од гардистите на војската на Србија беа пренесени и спуштени во гробницата во храмот на Свети Сава, која била изградена за време на неговиот живот. Тој е прв патријарх на СПЦ кој е погребан на ова место.

Пред почетокот на литургијата, во храмот Свети Сава , пристигна речиси севкупниот полититички врв на Србија, како и мандатарот за новата црногорска влада Здравко Кривокапиќ и рускиот амбасадор во Белград.
Во својот говор, претседателот Вучиќ оцени дека починатиот патријарх над се го ставал српството, подвлекувајќи дека доколку тој не бил толку активно вклучен, храмот на Свети Сава, каде сега е и погребан, најверојатно ќе се градел уште неколку децении.

“Тој беше човекот кој за овој храм кажа, за што беше и исмеван, дека ќе биде новата Света Софија. Дека ќе биде најважното собиралиште за православните верници од целиот свет. Бескрајно ги сакаше нашиот патријарх Русија и патријархот Кирил. На претседателот Путин му беше бескрајно благодарен за изградбата на овој храм и веруваше во блискоста на нашите два народи. Но никогаш, како што некои зборуваа, не беше против кој било друг од Запад. Напротив, чекаше и веруваше дека можат да го променат својот став кон нашиот народ” – изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Според Вучиќ, најголема грижа на патријархот Иринеј биле Косово и Метохија, истакнувајќи дека и тука постапувал рационално и со ладна глава, како што рече – никогаш да не го признаеме независно Косово.

Пред Храмот беа присутни и голем број верници кои преку два видео бима ги следеа литургијата и погребот, бидејќи бројот на верници кои можеа да останат внатре беше ограничен заради се полошата состојба со коронавирусот во Белград и Србија.

Иринеј почина токму од последици на Ковид-19 а беше хоспитализиран 4 дена откако служеше литургија на погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој исто така беше заразен со коронавирусот. Но тука не е крајот на црниот пандемиски биланс во СПЦ – денеска почина расчинетиот епископ Артемија, претходно животот го загуби и епископот на Ваљево – Милутин а заразени се и повеќе други епископи.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе