Свет Топ вести

Оддавањето почит на патријархот Иринеј надвор од здравствените протоколи

Верници и почитувачи му оддаваат почит на починатиот српски патријарх Иринеј ширум земјата. Но она што е проблематично во време на коронавирусот е тоа што граѓаните не се придржуваат на епидемиолошките препораки иако во државата има по 30-тина жртви на дневно ниво и близу шест илјади заразани. Од вчера во Србија е прогласена тридневна жалост.

Телото на патријархот од Соборната црква беше пренесено во Храмот Свети Сава, каде утре ќе биде извршен погребот. Специјална поворка со возила го транспортираше телото на починатиот српски поглавар, по што припадниците на гардата на српската војска на раце го внесоа кофчегот во храмот. Света упокоена литургија ќе се одржи утре, а според препораките на Кризниот штаб, нема да биде можно целивање на телото на партијархот, а директен пренос има на државната телевизија.

Епидемиолошките мерки масовно се кршеа и при погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије, кој почина од Ковид – 19, чие опело држеше токму Иринеј. Според црногорските медиуми, 20 дена после тој настан во земјата биле заразени повеќе од 10.700 луѓе, што е 1.705 на сто илјади жители.

Познавачите на состојбите во Србија велат дека не само врз верските односи упокојувањето на Иринеј ќе има влијание и врз политичките релациите на државата посебно на односите Белград – Приштина.

Во самата СПЦ а и поради нејзината, ми се чини, како некој којшто се залага, како што пишува во Уставот, ова да биде секуларна држава и поради преголемото влијание и преголемото значење кое верските заедници, а пред се СПЦ го има како мнозинска заедница, мислам дека ќе има и одредени пореметувања и во општеството. Она на што може најмногу да се одрази тоа е во продолжението на преговорите Приштина – Белград, бидејќи на претседателот Вучиќ, кој ги води, голем сојузник, без сомнеж му беше патријархот, вели Јелка Јовановиќ, новинарка во „Нови магазин“.

Јовановиќ оценува дека СПЦ е најмасовната и највлијателната невладина организација во Србија, во чии редови владее раздор. За што е доказ и т.н. „чистка“ на Богословскиот факултет. При изборот на новиот патријарх прашање е кој пат ќе го одбере СПЦ, дали левиот или десниот. Но од пресудно значење при изборот ќе биде дали новиот патријарх има добри односи со регионот и со Косово. Во моментов владиката Григориј и владиката Игнатиј ја уживаат наклонетоста кај младите и интелектуелната јавност.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе