„Ние како хирурзи немаме соодветна стручност да лекуваме болни со вирусни заболувања и интернистички состојби кои произлегуваат од тие заболувања и затоа сметаме дека извршувањето на оваа наредба е спротивно на интересот на здравјето на пациентите болни од Ковид 19 и од тие причини по истата не сме должни да постапиме“.
Ова е ставот на стручниот хируршки колегиум на градската општа болница 8 септември до ракводство на болницата кое минатата недела издала наредба по двајца лекари од секое хирушко одделение да се приклучи кон лекувањето на болните од Ковид-19.
„Од овие причини, сметаме дека ваквата наредба е во целост спротивна со одредбите на Законот за здравствена заштита, како и Кодексот на медицинската деонтологија, а нејзиното извршување може да доведе до сериозни последици по животот и здравјето на конкретните пациенти, а што може да биде основ и за идна кривична одговорност“ –велат хирурзите.
Реакцијата на хирурзите следи откако градската општа болница во Скопје целосно се стави во служба за потребите на болните од ковид веднаш зад инфективна на клинички.
„ Докторите од сите специјалности се распоредени во тимови во кои секогаш има и специјалист интернист или инфектолог за да вршат тријажа на новодојдените пациенти. Одлуката за хоспитализација на болните и нивното болничко лекување ја спроведуваат специјалистите интернисти и инфектолози” – вели директорот на ГОБ “8-ми Септември”, Христијан Костов.
На хирурзите кои се противат заради етичкиот кодекс им реагираа и нивни колеги кои активно се вклучиле во лекувањето пациенти со Ковид, и им порачаа да се охрабрат и да помогнат во болницата.
Според, нив станува збор за мала група на колеги која реагира ако се има предвид дека во 8-септември работат повеќе од 60 хирурузи.
Наместо 80 кревети капацитет од денеска се обезбедени нови 20 легла за тешко болните, иако само минатата ноќ во оваа болница пристигнале 23 тешко болни пациенти. Се помалку места има и на новоопремените клиники за болни од ковид.
Само во Скопје 459 пациенти се борат со Ковид -19, а болниците забрзано се полнат, а во клиничкиот центар постојано пристигат нови пациенти со амбулантни возила.
Ресорниот миниситер Венко Филипче, најави нови 53 кревети со поддршка од персонал на клиниката уво нос и грло, по што само хирируршките клиники и кардиологија остануваат надвор од бробата против пандемијата.
1285 граѓани се зависни од лекарска помош во болниците, а 120 болнички кревети стојат во резерва. Битола предводи со 74 пациенти, а аларматна е состојбата во Штип и Тетово. Додека трае битката за лекар и кревет пандемијата постојано руши рекорди на заболни лица од бројката на тестирани.
Павле Беловски