Македонија Топ вести

Вакцини против сезонски грип има за сите заинтересирани

Изминативе седум дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата, а 126 граѓани преку матичен лекар резервирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, односно не дошле да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на шест пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.

Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот „МојТермин“. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца меѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.

Вакцини има за сите, посочуваат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе